ЦИА објави загатка, пронајдете 10 разлики: Проверете дали вие можете да станете шпион! ФОТО

1,631

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) одлучи да ги предизвика корисниците на Твитер па постави предизвик на својот профил за оние кои би сакале да бидат агенти во иднина. Можете ли да ги најдете сите 10 разлики? Тестирајте ги своите вештини за набудување.

„Дали можете да забележите 10 разлики на овие фотографии? Утре ќе ги објавиме точните одговори“, напиша ЦИА на својот твитер-профил и ги предизвика твитерџиите кои можат да ги покажат своите „шпионски“ вештини. Некои разлики се очигледни како цвеќињата во десниот агол на фотографијата, чии бои се разликуваат, или пак, ранецот на грбот на мажот во средина, но има и такви кои „на почетокот“ и не се толку очигледни.






Иако им беше поставена задача од 10 разлики, некои ја сфатиле „финтата“ и пронашле уште некои разлики. Бидејќи, на крајот на краиштата, тоа е ЦИА во која мора да бидете „чекор напред од сите“.

„Ако пронајдете повеќе од 10 разлики, покажавте одлични вештини. Секогаш барате можности да научите нешто повеќе“, напишале од ЦИА.

Имено, има 12 разлики. Оние кои беа малку повнимателни, пронашле уште два детала, промената на бојата на тунелот од левата страна на фотографијата и дополнителен знак од БМВ на црниот автомобил. А, колку разлики вие пронајдовте?

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини