ЧУВСТВУВАМ ВИНА И СТРАВ Тејлор Свифт за првпат проговори за откажаниот концерт во Виена

Во објава на Инстаграм во средата вечерта, прославувајќи го крајот на европската турнеја, која заврши со 5 концерти во Лондон минатата недела, Свифт го сподели својот „тобоган со емоции“.

581

Познатата поп ѕвезда Тејлор Свифт за првпат зборуваше за трите шоуа во Виена, на нејзината блокбастер турнеја „Ерас“, кои беа откажани претходно овој месец по осуетениот терористички напад, велејќи дека чувствува „ново чувство на страв“ и „огромна количина на вина“, пишува Гардијан.

Планираниот терористички напад беше откриен од австриските власти кои на крајот уапсија тројца осомничени тинејџери, на возраст од 17, 18 и од 19 години, за наводно планирање исламистички напад во регионот на Виена, при што шоуата на Свифт беа во „фокусот“ на заговорот.






– Осомничениот имал намера да се убие себе и да убие голема толпа луѓе – рече шефот на државната заштита и разузнавање во австриското Министерство за внатрешни работи, Омар Хајави-Пирчнер.

Полицијата соопшти дека осомничениот ѝ ја ветил својата верност на групата Исламска држава (ИД) „во последните недели“ и дека се радикализирал на Интернет. Во неговата куќа биле запленети хемикалии за правење бомби.

Во објава на Инстаграм во средата вечерта, прославувајќи го крајот на европската турнеја, која заврши со 5 концерти во Лондон минатата недела, Свифт го сподели својот „тобоган со емоции“.

„Откажувањето на нашите претстави во Виена беше поразително. Причината за откажувањата ме исполни со ново чувство на страв и огромна количина на вина бидејќи толку многу луѓе планираа да дојдат на тие шоуа. Но, исто така, им бев многу благодарна на властите бидејќи благодарение на нив, тагувавме за концерти, а не животи“, напиша таа.

Пејачката им се заблагодари на своите фанови за нивната љубов и рече дека целата нејзина енергија е вложена во заштитата на речиси половина милион луѓе што дошле да ги гледаат шоуата во Лондон по откажувањата во Виена.

„Мојот тим и јас работевме рака под рака со персоналот на стадионот и со британските власти во остварувањето на таа цел и сакам да им се заблагодарам за сѐ што направија за нас. Да бидам многу јасна, нема да зборувам за нешто јавно ако мислам дека тоа би можело да ги испровоцира оние кои би сакале да им наштетат на фановите кои доаѓаат на моите шоуа“, напиша Свифт.

Поврзани содржини