ЧУВСТВИТЕЛЕН Е НА МАМА, А ПРАВИЧЕН НА ТАТО Што влијае врз емпатијата и моралниот код на децата?
Иако за разлика од особините кои во голема мера се детерминирани од генетски фактори, емпатијата не е нешто што може да се развие „само по себе“, туку е вештина на која децата се учат и на која треба да работат, има и истражувања кои сугерираат дека некои деца се генетски предиспонирани да бидат поемпатични и поморални од другите.
Емпатијата е способност за разбирање на емоциите на другите луѓе и соодветно реагирање на истите. Да се чувствува емпатија кон некого значи да се разбере што чувствува таа личност во ситуацијата во која се наоѓа и да се разбере „што би чувствувал и што би направил јас кога би бил во таква ситуација“.
За разлика од особините кои во голема мера се детерминирани од генетски фактори (како, на пример, интелигенцијата или физичкиот изглед), емпатијата не е нешто што може да се развие „само по себе“, туку е вештина на која децата се учат и на која треба да работат. Иако некои истражувања сугерираат дека некои деца се генетски предиспонирани да бидат поемпатични и поморални од другите, ова секако не треба да се сфати буквално и на сите деца им е потребна помош за учење на оваа сложена емоција и вештина.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.