ЧУВАРИ ТЕПАЛЕ ЗАТВОРЕНИК Осуденик од Шутка ги пријавил затворските полицајци

Б.Џ., затвореник во установата, пријавил дека бил физички нападнат од полициски службеници - велат од полицијата.

1,261

Осуденик кој издржува казна затвор со затворот во Шутка пријавил во полиција дека физички го нападнале затворски полицајци, соопшти МВР.

– На 16.02.2023 во 22.30 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје било пријавено дека Б.Џ., затвореник во установата, пријавил дека бил физички нападнат од полициски службеници – велат од полицијата.






Од министерството додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Поврзани содржини