ЧУВАРИ НА ПРОСТАТАТА Тука е сезоната на вкусните тиквички
Фитонутриентите во тиквичките ги намалуваат симптомите на зголемената простата која на мажите им го отежнува мокрењето, а понекогаш и сексуалните односи. Исто така, тиквичките се добри за срцето и го намалуваат крвниот притисок
Во ботаничка смисла, тиквичките се сметаат за овошје, но во кујните во дел од светот, како и кај нас, се подготвуваат на начини како и остатокот од градинарските плодови. Во плодот од тиквичките има многу хранливи материи па би требало почесто да ги имаме на менито, но поголем број од нив се наоѓаат во нивната кора, па не е пожелно да се лупат. Еве за што се се добри тиквичките:
Тие се чувари на простатата
Тиквичката можеме да ја наречеме и вистинска машка намирница. Манганот во тиквичките поволно делува на зголемување на либидото, додека фитонутриентите ги намалуваат симптомите на зголемената простата која на мажите им го отежнува мокрењето, а понекогаш и сексуалните односи.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.