Властите на Камбоџа запленија мажјак лав која бил чуван како домашно милениче во приватна вила во градот Пном Пен.
Сопственик на 18-месечниот лав, мажјак тежок околу 70 килограми, е кинески државјанин, кој го увезол животното од странство со намера да го одгледува во својот дом, потврди Нет Пеактра, претставник на Министерството за заштита на животната средина на Камбоџа , а пренесува лондонскиот дневен весник „Гардијан“.
„Нашите власти започнаа истрага за овој случај веднаш откако на крајот на април на социјалната мрежа ТикТок е објавена снимката со ова диво животно, кое сопственикот го чувал како домашно милениче во својата вила во главниот град на Камбоџа – рекол Пеактра и повторил дека не е дозволено да се чуваат „ретки диви животни како домашни миленици“, пренесува Танјуг.
„Гардијан“ пренесува дека властите ја преместиле големата мачка во центарот за спасување на диви животни Пном Тамао, на периферијата на главниот град.
FOTO: EPA