Чување тајна, ја исклучи јавноста од судењето за „Организаторите на 27 април“

Писмените докази беа предложени од страна на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски, за кои се смета дека се класифицирани документи од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.

316

Поради чување на тајна, за која постои опасност да стане општо позната, преку доказите изнесени од одбраната, за случајот ,,Организатори на 27 април”, јавноста,  на вториот дел од денешното рочиште беше исклучена. Претходно, во првиот дел, сведочеа двајца сведоци на предлог на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски.

Писмените докази беа предложени од страна на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски, за кои се смета дека се класифицирани документи од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.






Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Според обвинителниот акт за овој предмет, тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Поврзани содржини