Чулев за велигденските празници: Организирајте патувања до петок во 16 часот

844

Граѓаните кои на велигденските празници планираат да патуваат во други градови и места треба да внимаваат да стасаат на посакуваното место до 16 часот, порача техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешната прес конференција.

– Апелирам граѓаните сите обврски да ги организираат до петок и навремено да стигнат на посакуваната дестинација. Oграничувањата за движење се од петок од 16 часот до вторник во 05 часот заради велигденските празници. МВР ќе преземе мерки за непречено одвивање на сообраќајот до почетокот на полицискиот час – рече министерот Чулев.

Поврзани содржини