Чулев во посета на пунктовите кај Маврово и Бошков мост (ВИДЕО)
Тука сум за да изразам поддршка на полициските службеници кои се дел од Одделот за специјални полициски операции, рече министерот.
Министерот Чулев денес ги посети полициските пунктови кај Маврово и Бошков мост и оствари средба со полициските службеници кои се распоредени таму.
– Тука сум за да изразам поддршка на полициските службеници кои се дел од Одделот за специјални полициски операции и несебично помагаат на граѓаните во справување со последиците од Корона вирусот – рече министерот Чулев.
Министерот Чулев се заблагодари на колегите од Дирекцијата за заштита и спасување и ги повика граѓаните да останат во своите домови и да ги почитуваат одлуките на Владата за справување со Корона вирусот.