Пред спортската сала „Борис Трајковски“ вечерва во време на полициски час голем број полицајци и десетици полициски возила предизвикале загриженост кај граѓаните.
– Станува збор за снимање на спот за потребите на Министерството за внатрешни работи за одбележување на Денот на полицијата – 7 мај – изјавиле за телевизија Канал 5 од кабинетот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој бил присутен на снимањето на спотот.