Чулев: Во изолација се 3.787 лица во земјава, а во Скопје 1.088 

478

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференија рече дека во самоизолација се 3.787 лица во земјава, а во Скопје 1.088. Тој информира дека МВР поднело 39 кривични пријави против  47 сторители поради непочитување на пропишаните мерки за заштита од коронавирусот.

Извршени биле 390 контроли.  Под здравствен надзор во Скопје се 215 лица, а 349 во земјава.






На новинарско прашање тoj одговори дека се уште не се размислува за воведување кризна состојба во Скопје како во Дебар , а таа одлука треба да ја донесе Владата.

Минисерот додаде дека ситуацијата се контролира со зголемен број на полициски службеници, а зголемениот број на откриени случаи во Скопје е резултат на тоа што повеќе граѓани самоиницијативно се тестираат во приватните болници.

– Доколку не се почитува одлуката на Влада донесена на синоќешната седница за забрана за собирање во групи од пет и повеќе лица, припадниците на МВР ќе преземат мерки за растурање на групата со предупредување, а ќе се преземат и мерки согласно Законот за јавен ред и мир – порача Чулев одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на тоа дали во МВР се размислува за воведување кризна состојба на поширокото подрачје на Скопје, министерот Чулев рече дека засега не се размислува во таа насока и оти тоа е одлука што треба да ја донесе Владата.

Тој посочи дека можеби во наредниот период ќе се преземат поригорозни мерки со цел ограничување на движењето на луѓето.

Прашан колку често се прави контрола на лицата кои се во изолација, односно на колкав временски интервал, Чулев информира дека секторите за внатрешни работи прават контрола на лицата кои имаат издадено решенија за здравствен надзор два пати дневно со полициски патроли.

Во однос на тоа дали има потреба да се активира резервниот полициски состав, министерот потенцира дека МВР врши анализа во однос на потребите за ангажирање на резервниот полициски состав, но оти засега нивното ангажирање не е неопходно.

– Го имаме тоа предвид, голем број полициски резервисти сами се пријавуваат, но засега не е неопходно тоа, со оглед дека претседателот има прогласено вонредна состојба и сме во континуирани разговори, а имаме формирано и заеднички оперативен штаб со Армијата со цел нивна асистенција во однос на мерките и ингеренциите на полицијата. Доколку има потреба секако дека ќе се ангажираат и резервите на полицискиот состав – додаде Чулев.

Одговарајќи на прашањето дали согласно вонредната состојба има промени околку законската обврска за регистрација и технички преглед на возилата, министерот Чулев соопшти дека службите на МВР во текот на денешниот ден, а и в сабота и недела ќе ја согледаат потребата за измена на законската регулатива преку поднесување соодветни уредби со законска сила до Владата.

– Обврската за регистрација и технички преглед на возилата доколку и се продолжи станува збор со осигурувањето потоа проблем може да се нанесе штета и на други граѓани ако се продолжи регистрацијата на возилата, а не е продолжено и задолжителното осигурување – вели Чулев.

Тој информира дека МВР презема мерки и активности и во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат поднесени до Владата и други уредби со законска сила во однос на продолжување на важноста на личните документи, пред се личните карти, пасошите, престојот на странци и возачките дозволи, а ќе се разгледа можноста од издавање на личните документи на друг начин.

Tој истакна дека од страна на припадниците на СВР Скопје во изминатите 24 часа извршена е контрола на вкупно 81 објекти, од кои три не ги почитувале одлуките на Влада, при што се преземени мерки и соодветни активности, додека вкупниот број на контролирани објекти на територијата на цела држава во изминатите 24 часа е 462 објекти, при што констатирано е дека шест од нив не ја почитувале одлуката на Владата и преземени се соодветни активности.

– Како резултат на извршените контроли заклучно со денеска, поднесени се вкупно 39 кривични пријави и едно известување до ОЈО. При што 39 кривични пријави се по член 206, а 12 по член 205. Во однос на некои сторители поднесени се кривични пријави во однос на двата члена. Кривичните пријави се однесуваат за вкупно 47 сторители – нагласи Чулев.

ИПА денеска обезбеди заштитна опрема за припадниците на полицијата. Обезбедени се 900 маски за повеќекратна употреба, како и ракавици и антибактериски гелови кои денеска ќе бидат поделение во 17 полициски станици како и на припадниците кои се на граничниот премин Блаце.

Чулев се заблагодари за опремата и наведе дека е распишан тендер за набавување на заштитна опрема за припадниците на полициските служби

Поврзани содржини