Чулев во дилема: Дали фотографирањето ќе биде со мобилен и како ќе се спречат злоупотребите

Тој во емисијата на Телма телевизија  Топ тема рече дека има неколку дилеми околу реализацијата на оваа активност од страна на полицајците.

974

Тешко ќе се изведе фотографирањето на луѓето кои ги прекршуваат мерките, смета министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, откако е најавено дека владата има намера да наложи полицијата прво да го документира прекршувањето на мерките со фотографирање, па потоа да се казнуваат граѓаните кои ќе бидат затекнати групирани повеќе од пет.

Тој во емисијата на Телма телевизија „Топ тема“ рече дека има неколку дилеми околу реализацијата на оваа активност од страна на полицајците.






– Со што ќе се фотографира? Дали тоа ќе се прави со мобилен телефон? Дали потоа ќе се избришат тие фотографии од мобилните телефони или подоцна ќе се злоупотребуваат? Дали петчлено семејство ќе се фотографира ако се види на улица? Дали и децата ќе се фотографираат?…Сето тоа треба да се реши и затоа мислам дека тешко е изводливо – рече Чулев.

Според него, многу поприфатливо е луѓето да носат маски и да држат растојание отколку да им се забрани движењето. Тој смета дека треба да се намали полицискиот час бидејќи има промени кај граѓанит. Тие стануваат агресивни.

– Како МВР, бидејќи секојдневно сме на терен, можевме да утврдиме дека има зголемено негативно влијае кај граѓаните: зголемена агресија, тензија… А исто така, сега свеста на граѓаните е зголемена. Затоа јас сметам дека забрната за движење треба да се релаксира. Секој ден полицискиот час да почнува од 19 часот и тоа да важи и за викендите – рече  Чулев.

 

Поврзани содржини