ЧУЛЕВ ВЕЛИ ДЕКА ФИОКИТЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОЛНИ До каде е истрагата за поткупот од 250.000 евра и за тендерите во МВР?
Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев потсетува на неколку случаи кои биле пријавени во Обвинителството за организиран криминал со индиции за сторени кривични дела за кои и до ден денеска нема епилог.
Во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“ на денешната трибина насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“.
Чулев нагласи дека во периодот кога раководел со Министерството за внатрешни работи покрај бројните предизвици со кои што се соочил тогаш, сепак со помош на чесни колеги од министерството успеал да отвори и да поднесе неколку кривични пријави за висок степен на корумпираност и криминалитет.
– Јас во тој контекст би напомнал неколку, тоа е случајот пред се би го напоменал за кој што и моментално имам добиено и судски процес клевета, кој што веќе го има добиено прв степен од страна на генералниот директор тогашен на ЕЛЕМ и РЕК Битола, Васко Ковачевски, а тоа е кривично дело за изнуда односно се работи за фирма која што тогаш доби тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола. А, на која што тогашниот директор Васко Ковачевски побарал да отстапи дел од колачот на друга фирма подизведувач која што немала технички средства за тоа. И доколку не се согласела со тоа, тогаш побара поткуп во износ од 250.000 евра. За овој случај за кој што напоменувам дека тогаш беше отпишан од двајцата началници на Одделот за организиран криминал и корупција во МВР како и од оној началник што го назначи Оливер Спасовски, тогаш беше Лазе Велковски така и од началникот кој што го назначив јас. Значи целосно законски, двајцата началници констатираа висока форма на корупција во случајот. Меѓутоа до ден денес Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се уште постапува по случајот и нема никакви резултати, а поминаа веќе речиси четири години од тој случај – рече Чулев.
Тој посочи дека и друг случај, а тоа е случајот со набавка на обрасци за патни исправи. Тогаш МВР беше оставено во незавидна позиција, немаше обрасци за патни исправи и во тој случај беше поднесена кривична пријава заради тоа што обрасците беа набавени без тендерска постапка во износ од 7 милиони евра меѓутоа со Анекс на договорот беше покачена таа сума дури за 5 милиони евра. И исто така беше набавен хардвер без да се набави софтверска опрема.
– Трет случај беше случајот со набавка на чизми за потребите на МВР, при што самата комисија на МВР констатира дека набавените чизми не ги исполнуваат техничките услови од спецификацијата односно беа со исклучително лош квалитет – додаде Чулев.
Тој напомена и непостапување на ОЈО и отфрлање на случаи кои што беа со изборни нерегуларности уште не се испроцесуирани и нема конкретни одлуки од страна на ОЈО по однос на кривично дело 162, а тоа е поткуп при избори и гласање.
– Тоа е случајот кога СДС ги уценуваше граѓаните да гласаат за нив – нагласи Чулев.