Чулев: Распишана потерница по Панчевски откако полицијата трипати не го нашла

834

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешната потврди дека поранешниот претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски се бара со потерница.

– Судот до Секторот за внатрешни работи во Велес достави наредба за приведување со решение за притвор. Секторот истото го достави и до СВР Скопје и три пати припадници на полицијата од полициската станица во Центрар се обидуваа да го пронајдат, но не успеаја. Во моментов полициски службеници со правосудните органи во Велес распишаа потерница по именуваното лице. Се вршат оперативни проверки дали лицето ја напуштило државата – изјави Чулев на прес конференција.






На Панчевски му се суди во велешкиот суд за манипулации со електронскиот АКМИС систем додека беше шеф на скопскиот Кривичен суд.

Досега имаше девет закажани рочишта, но Панчевски не се појави на ниту едно.


 

Поврзани содржини