– Од нивна страна беше истакнато дека веќе се подготвени оперативните планови со кои ќе се покриваат изборите, се наведува во соопштението од МВР и се додава дека министерот Чулев апелирал до сите полициските службеници да постапуваат максимално професионално и одговорно.

Во поглед на европската интеграција на нашата држава, Чулев потенцирал дека парламентарните избори се важен показател за правецот во кој ќе се движи нашата држава. Во таа насока Чулев нагласил дека неопходно е истите да бидат организирани на највисоко ниво и во согласност на законите.

Министерот Чулев истакнал дека постапувањето на полициските службеници, согласно со законите и согласно интерните акти на Министерството за внатрешни работи ќе гарантира фер, мирни и демократски избори, а тоа ќе биде причина граѓаните да излезат и да го исполнат своето избирачко право.

– Секој полициските службеник мора да биде на висина на задачата и да постапува професионално, впрочем како што тоа го прават полициските службеници во изминатиот период. Во изминатите неколку месеци во Министерството за внатрешни работи имав можност да се сретнам и да соработувам со исклучителни професионални и чесни луѓе и верувам дека тие ќе направат се овие избори да поминат во најдобар ред, онака како што граѓаните заслужуваат, заклучил Чулев.