Чулев: Дончев е донесен на сослушување по налог на ОЈО

Тој информира дека претходно е побаран притвор за Дончев.

539

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев беше повикан на распит врз основа на јавен повик од ОЈО,  поради објавените видео снимки на кои што се гледа како поранешниот директор на Фонд за здравствено осигурување, зема парични средства. МВР постапи по тој повик, изјави денеска во Куманово министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– МВР постапи согласно стандардното полициско постапување, односно одделот за сузбивање за сериозен организиран криминал и го повика со цел добивање на дополнителни информации и податоци за објавениот видео материјал. Разговорот траеше отприлика околу 40 минути беше реализиран од инспектори од одделот за организиран криминал во полициска станица во населбата Карпош во Скопје и лицето Ден Дончев дојде во придружба на негов адвокат. По извршениот разгвовор лицето си замина од полициската станица во Карпош, а инспекторите од Одделот за организиран криминал во текот на денешниот ден ќе изготват службен материјал и истиот ќе го достават до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и потоа чекаме насоки за дејствување од ОЈО бидејќи тоа е надлежна институција за водење кривични истраги – рече Чулев.






Тој информира дека претходно е побаран притвор за Дончев.

– Тоа е побарано уште претходно и ОЈО мислам дека треба да постапи по тоа, можеби веќе е постапено, немаме таква информација. Знаете дека во јавноста, ОЈО јавно го повика МВР и Управата за финансиска полиција да постапат. Ние со оглед дека беше јавен повик со писмена покана од страна на МВР е извршен разговорот –  рече Чулев.

Чулев денеска оствари работна посета на СВР Куманово на која со припадниците на СВР разговарале за состојбата со криминалитетот на подрачјето на Секторот, за илегалната миграција и за оганизацијата на изборите, околу поставеноста на СВР во смисла на превенирање и санкционирање на сите видови изборни нерегуларности од видот поткуп, политичко агитирање, заплашување и вршење притисок врз избирачкото тело.

 

 

Поврзани содржини