📷 ЧУКАА ТАПАНИ, ПУКАА ОГНОМЕТИ Раководството на Вреди славеше во Тетово

Лидерот на БЕСА Биљал Касами изјави дека коалицијата Вреди е победник во сите општини со мнозинско албанско население и дека од утре почнуваат преговорите за нова влада со ВМРО-ДПМНЕ.

184

На плоштадот „Илирија” во Тетово, раководството и симпатизерите на албанската опозициска коалиција Вреди ја славеа, како што рекоа, победата на парламентарните избори.

Лидерот на БЕСА Биљал Касами изјави дека коалицијата Вреди е победник во сите општини со мнозинско албанско население и дека од утре почнуваат преговорите за нова влада со ВМРО-ДПМНЕ.






На плоштадот во Тетово се славеше со тапани и огномети, а имаше и зголемено полициско присуство.

Поврзани содржини