🎥 ЧУДО ОД ДЕТЕ НА ГОЛОТ НА ФОРТУНА Македонија има млад фудбалски голман што урива рекорди

9-годишниот Аријан Алити има постигнато нешто што ретко се гледа на фудбалските терени - постигна дури 5 гола од гол на гол, на терен од 50 метри далечина, на само еден натпревар.

861

Деветгодишниот Аријан Алити е исклучително талентиран голман во младинските фудбалски категории. Младиот чувар на мрежата на КФ Фортуна 2009, од ФФМ беше прогласен за најдобар млад голман за сезоната 2022/2023. Аријан има постигнато нешто што ретко се гледа на фудбалските терени – постигна дури 5 гола од гол на гол, на терен од 50 метри далечина, на само еден натпревар.

Досега на ниту еден голман не му успеало такво нешто. За македонските фудбалски стручњаци кои го следат Алити е навистина изненадувачки како момче на само деветгодишна возраст има шут со должина од 50-60 метри, ако се знае дека во светски рамки рекорд на голман е 78 метри постигнат од голманот на Манчестер сити, Едерсон.






До сега за две сезони колку игра официјално во Детската лига на ФФМ има дадено повеќе од 50 гола што е вистинска фудбалска атракција.

Своите голмански вештини 9-годишниот Аријан ги усовршува во академијата за фудбал „Ивановиќ“, а тренери имаат само пофалби за неговиот вонсериски талент, но и за неговата посветеност на фудбалот и на неговиот сон еден ден да брани во дресот на македонската репрезентација.

Поврзани содржини