Ватиканската детска болница во Рим вчера објави дека лекарите успешно разделиле сијамски близначки кои биле споени со задниот дел од главата.
Таканаречените краниопагус близнаци, две девојчиња, имале заеднички дел од коските на главата и церебралниот венски систем.
„Ова е прв случај во Италија, а веројатно и во светот (нема записи за слични операции во литературата)“, соопшти болницата „Бамбино Гезу“.
Близнаците Ервин и Префина се родени во Централноафриканската Република во 2018 година. Тие биле транспортирани во Рим преку хуманитарната програма на болницата „Бамбино Гезу“.
Девојчињата биле оперирани на трипати, во мај и јуни 2019 година и на 5 јуни годинава кога успеале да ги раздвојат. Последната операција траела 18 часа и во неа учествувале повеќе од 30 члена медицински персонал.
Еден месец подоцна „двете близначки се добри“. Тие се уште се во болница, но можат да очекуваат „нормален живот“, велат во болницата.
Раздвојувањето на нивните церебрални венски системи бил најголемиот предизвик. Тие користеле огледала така што близнаците да можат да ги видат и препознаат лицата пред последната операција.
Девојќињата го прославиле вториот роденден на 29 јуни со песна и колачи. Во објавеното видео од прославата, тие седат со нивната мајка со завои на главите.
Креанопагусните близнаци се исклучително ретки. Болницата „Бамбино Гезу“ знае за само уште два вакви случаи кои се успешно оперирани.