ЧУДНО, НА ИСТО МЕСТО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ПАК ГОРЕШЕ АВТОМОБИЛ Кобна локација меѓу Црвен крст и ОУ „Димитар Миладинов“

Возилото што вечерва се запали е на истата локација каде што и во неделата беше опожарен еден автомобил „опел астра". И тогаш беше предизвикана само материјална штета, без повредени лица.

610

Автомобил се запали во четвртокот вечерта на булевар Кочо Рацин во близина на ОУ „Димитар Миладинов“ и зградата на Црвен крст во центарот на Скопје.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА информираа дека нивна екипа од пет пожарникари и едно противпожарно возило интервенирала околу 19 часот и пожарот бил изгаснат.






Причинета е материјална штета, а информации за повредени нема.

Од МВР, пак, соопштија дека во 18.45 часот Г. Д. (28) од с.Ростуше пријавил дека на булevarot Кочо Рацин додека го управувал неговото возило „Даеву Ланос” почнало да чади од хаубата и да избива пламен при што е изгорен делот кај моторот и шал таблата. Огнот е изгаснат од страна на противпожарна екипа.

Возилото што вечерва се запали е на истата локација каде што и во неделата беше опожарен еден автомобил „опел астра”. И тогаш беше предизвикана само материјална штета, без повредени лица.

Поврзани содржини