ЧУДНО И НЕРЕГУЛАРНО ПРВЕНСТВО Лазаров прашува како само Данска нема проблеми со ковид?

Чудно е што само Данците немаат такви проблеми. Сите селекции освен Данска имаа проблеми и затоа мислам дека ова првенство е чудно и нерегуларно, вели Лазаров.

932

Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во интервју за хрватскиот Индекс вели дека Европското првенство е нерегуларно. Македонија испадна во првата фаза и ги загуби сите три меча, а Лазаров објасни зошто мисли дека првенството е чудно и нерегуларно.

– На ова првенство не важат никакви правила и нема регуларност. Невозможно е да се процени нечија сила бидејќи, порано или подоцна, сите влегуваат во проблем со короната. Чудно е што само Данците немаат такви проблеми. Сите селекции освен Данска имаа проблеми и затоа мислам дека ова првенство е чудно и нерегуларно“, вели Лазаров.






И нашата селекција беше нападната од повреди и позитивни случаи на ковид-19.

– Сакале или не, поради несреќниот ковид моравме да играме со деца. Тргнавме во подмладување, но пред поаѓањето на ЕП имавме важни играчи кои беа позитивни, а поради повреди останавме брз тројца важни играчи. Имавме шестмина 20-годишни играчи во составот, а 59 минути бевме во егал со Словенија и Црна Гора. Не се исплати плачењето, најважно е да не ја загубиме главата во овој хаос и да гледаме напред – додава селекторот и капитен на Македонија.

Целото интервју со нашиот најдобар ракометар на сите времиња може да го прочитате ТУКА!

Поврзани содржини