„ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ПРЕТПРИЈАТИЈАТА КАДЕ РАКОВОДИ ДУИ“ Кому му одговараат пожари пред локалните избори, прашува Мицкоски

Сега работиме да го решиме проблемот, а потоа сите виновници за пожарот во Дрисла ќе бидат изведени пред лицето на правдата, вели премиерот Христијан Мицкоски.

267

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата презема конкретни мерки за справување со пожарите на депониите Вардариште и Дрисла.

– Како Влада ги преземаме сите мерки. Да немате дилема. За Вардариште знаете дека имаме приведени и осомничени лица кои ја користеле илегалната депонија Вардариште, која постои повеќе од неколку децении, на повеќе од 20 хектари. Од вчера има приватна агенција за обезбедување, здружено ангажирана од неколку општини. Истовремено, како Влада и како институции, преку општествено одговорни компании обезбедивме градежна механизација, којашто веќе денеска ќе биде во полн состав таму. Вардариште би рекол е обезбедено, останува Дрисла – вели Мицкоски.






Тој наведе дека е чудно како може пожар кој што е смирен и ставен под целосна контрола повторно да се активира, потенцирајќи дека сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

– Но, чудно е како во одредени јавни претпријатија каде што свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи, чудно е и тоа ќе го истражиме и ќе обезбедиме соодветни докази како може пожар кој што беше речиси смирен, односно ставен под контрола, наеднаш да се распламти и како токму сега, откако успешно се справивме со пожарите. Во околните држави имаше жртви, повредени, иселени градови и така натаму, а кај нас сето тоа беше цело лето успешно завршено и покрај диверзиите коишто ги имавме на почетокот на летото, наеднаш сега да се случува ова пред локалните избори. Вистинското прашање и вистинскиот одговор на тоа прашање, кому сето ова му одговара? Но, ние нема да се занимаваме сега. Сега работиме да го решиме проблемот, потоа ќе се занимаваме. И да знаете дека сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата – рече Мицкоски.

Поврзани содржини