🎥 ЧУЧЕР САНДЕВО ЌЕ БИДЕ ИНКУБАТОР ЗА НОВИ ШАМПИОНИ Бајовски вети мултифункционален спортски објект во општината
Бајовски ги повика граѓаните да го заокружат бројот 9 на 19 октомври.
Нов мултифункционален објект од 4.000 метри квадратни во Чучер Сандево ќе биде стратешка инвестиција која ќе го промени секојдневниот живот во општината, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Бајовски.
– Оваа модерна спортско-културна хала ќе обезбеди услови за организирање натпревари, тренинзи, културни настани и локални промоции, а го намалува одливот на граѓани и ја зацврстува социјалната и економската кохезија во заедницата. Креирањето нови работни места е и непосредна потреба: изградбата и функционирањето на објектот ќе создадат нови работни места во градежништвото, услугите, управувањето и спортската инфраструктура, а локалните претпријатија ќе добијат повеќе активности и приходи. Со оваа инвестиција, Чучер Сандево ќе стане попривлечна средина за младите семејства и компании – додаде тој.
Според него, Чучер Сандево може да биде инкубатор на нови шампиони кои ќе ги носат боите на општината и на државата.
– Овој објект не е луксуз, туку инвестиција во иднината на нашата младина и во економскиот развој на општината. Ќе работам транспарентно и со отчетност за да ги претвориме овие планови во реалност. Времето за промени е сега. Заедно можеме да изградиме инфраструктура што останува за генерации – додаде тој.
Бајовски ги повика граѓаните да го заокружат бројот 9 на 19 октомври.