Човештвото ќе колабира до 2040 година, тврдат научници од МИТ
Со оглед на непривлечната можност за колапс, бев љубопитна да видам кои сценарија најмногу се усогласуваат со емпириските податоци денес - објасни авторката на студијата наречена „Гаја“, Херингтон во соопштението за студијата, која решил сама да ја провери тезата од 1972 година.
Не, човештвото нема да престане да постои до 2040 година, но ни се заканува престанок на економијата, индустријата, сообраќајот и голем недостаток на храна, предвиделе научни од МИТ уште во 1972 година, а денес нивното пророштво се покажува сѐ поточно, пишува Вајс.
Иако на времето статијата била исмејувана, скорешно истражување објавено во Јеил, журнал за индустриска екологија, потврди дека цивилзацијата досега ги следела предвидените чекори од научниците од МИТ и дека, ако не го смениме нашиот вообичаен пристап да ја експлоатираме и загадуваме планетата Земја, ни следи голема глобална криза.
– Со оглед на непривлечната можност за колапс, бев љубопитна да видам кои сценарија најмногу се усогласуваат со емпириските податоци денес – објасни авторката на студијата наречена „Гаја“, Херингтон во соопштението за студијата, која решил сама да ја провери тезата од 1972 година.
Гаја (Gaya) е уште едно име за нашата планета Земја, а Херингтон, која магистрирала на Харвард, ја избрала баш ова апокалиптична тема за разработка. Таа работи како менаџер за одржливост во сметководствена фирма и, слично како и одржливоста на самата фирма, ја разгледувала одржливоста на човештвото во целина и забележела пад на многу инфраструктурни системи.
– Во однос на времето, сценариото БАУ2 (од анализата) покажува стрмен пад што треба да се постави оолу 2040 година – вели Херингтон за Вајс.