ЧОВЕКОТ ШТО ГИ ОТКРИЛ СПЕРМАТОЗОИДИТЕ БИЛ ЗГРОЗЕН ОД ГЛЕТКАТА Холандскиот текстилџија се надевал дека неговите откритија ќе бидат заборавени
Зборот „сперматозоид“ во времето на Ливенхук уште не постоел. Тој опишал дека тоа се некакви „животни“ во примероците, кои инаку биле земени од устата на мажи и на жени. Отпрвин мислел дека се некакви црви, односно бактерии кои ете, заедно со крвните зрнца и другата микрофауна се нашле под лупата.
Научникот кој за првпат видел сперматозоиди под лупа бил толку згрозен од неговото откритие што се надевал дека тоа нема да влезе во архивите или дека ќе биде избришано. Религиозниот Антони ван Ливенхук, текстилџија по професија, во 17 век случајно дошол до откритието правејќи подобри леќи за микроскопот со кој инаку прегледувал влакна од текстил, пишува магазинот Салон.
Новите леќи се покажале успешни и луѓе му носеле на Ливенхук примероци од животни и нивно ткиво на преглед. Прашање на време било кога некој ќе му донесе примерок од сперма! Тоа се случувало во градот Делфт, познатиот дом на сликарот Вермеер кој ја наслика девојката со обетката. Самиот град е познат по науката и иновацијата.
Знаел дека мора да извести некого за своето откритие колку и да тоа било против неговата религиозна калвинистичка природа. Тој му пишал на Кралското друштво за наука.
„Ако вашето Господство смета дека овие набљудувања може да ги згрозат или скандализираат учените, искрено го молам вашето Господство да ги смета за приватни и да ги објави или уништи како што смета вашето Господство“, стоело во писмото.
Зборот „сперматозоид“ во времето на Ливенхук уште не постоел. Тој опишал дека тоа се некакви „животни“ во примероците, кои инаку биле земени од устата на мажи и на жени. Отпрвин мислел дека се некакви црви, односно бактерии кои ете, заедно со крвните зрнца и другата микрофауна се нашле под лупата.
Дури подоцна дошла идејата дека мажите и жените имаат различни полови клетки, наречени гамети. Ван Ливенхук продолжил со разгледување на сперматозоидите на други животни и додека беа дадени предлози за улогата на животните во „генерацијата“ (потеклото на потомството), ништо конкретно не било објавено во неговиот живот.
Срамежливиот калвинист ја продолжил својата работа како драпер, а исто така чепкал и со своите микроскопи.
Не е лошо за момче кое сакалo само да прави убава облека.