ЧОВЕКОТ ШТО ЈА ПОГРЕБА БАНКАТА ОД СИЛКОНСКАТА ДОЛИНА Директорот Грег Бекер прво ги продаде своите акции, па потоа го објави колапсот и кидна на Хаваи
Во понеделникот Грег Бекер и неговата сопруга Мерилин Баутиста одлетаа на Хаваи во нивната луксузна куќа, откри Дејли Мејл. Зад извршниот директор остана хаос.
Клиентите и вработените во Банка од Силиконската долина (СВБ), која банкротираше минатиот петок, многу добро го познаваат овој лик. Тоа е Грег Бекер, извршен директор на банката.
Кон крајот на јануари годинава, Бекер доставил план со кој можел да ги продаде своите акции во СВБ. Според Блумберг, тоа и го сторил две недели пред банкротот, кога ги продал своите 12.451 акции во компанијата за 3,6 милиони долари.
Интересно е дека на истиот човек му припадна и „честа“ со видео-порака да ги извести вработените во банката после „неверојатно тешките“ 48 часа се случил колапс.
Но, во јануари, кога Бекер испраќал оптимистички пораки до инвеститорите и до клиентите, се осигурал неговите акции да не пропаднат. Планот за продажба на акции го доставил заедно со неколку негови колеги, кои имале и директорски места.
Некои Грег Бекер го сметаат за одговорен за целосниот колапс на СВБ. Поранешни вработени во банката сметаат дека газдите придонеле за пропаѓање на банката, бидејќи јавно објавиле дека банката е во неволја, што предизвика цунами од повлекувања на депозитите од банката.
Како што пишува Ројтерс, првиот човек на пропаднатата СВБ работел во оваа компанија три децении, а кариерата ја започнал како службеник за заеми. Бекер блескаш и во тешката 2008 година. Во екот на финансиската криза тој стана директор на банката, а три години подоцна и извршен директор.
Веб-страницата на СВБ објавува многу детали за успешната карие3ра на овој банкар, за кого, меѓу другото, вели дека бил и „шампион во иновациската економија“.
Додека банката сè уште работеше добро, во 2015 година, Бекер сесрдно лобираше регулативата да биде попустлива за помалите банки како неговата. Таа година, тој му објасни на Сенатот дека СВБ, со оглед на неговиот бизнис модел и профил на ризик, не претставува системски ризик и дека банката не треба да подлежи на одредбите од Законот за реформи и заштита на потрошувачите на Волстрит од 2008 година, попознат по името Дод-Френк. Своето мислење го оправда со тоа што тие регулативи претерано ја оптоваруваат банката и дека се наменети за големите банки.
Бекер не е единствениот кабаетлија за пропаста на СВБ. На социјалните мрежи може да се забележат и исмејувачки коментари за Џозеф Џентил, главниот административен менаџер на банката, кој веќе имал слично искуство со колапс на друг финансиски систем. Пред СВБ, Џентил бил како главен финансиски директор на Леман Брадерс, банката што неславно банкротира во 2008 година.
Ројтерс, во профилот на тројцата лидери на банката, меѓу кои Бекер бил првиот и најплатениот, пишува дека во текот на кариерата бил подготвен да се коцка и да ризикува. А потоа дојде инфлацијата и Федералните резерви на САД (ФЕД) ги притиснаа кочниците. Евтините пари престанаа да доаѓаат, а централната банка ги зголеми каматните стапки. Климата се смени, а останатото веќе е историја.
Во понеделникот Грег Бекер и неговата сопруга Мерилин Баутиста одлетаа на Хаваи во нивната луксузна куќа, откри Дејли Мејл.