ЧОВЕК ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА ФРЛАШЕ МОЛОТОВИ КОН КРАЛСКАТА ПАЛАТА ВО ОСЛО Напаѓачот рекол дека има бомба
Човекот наводно првин на очевидец му рекол дека има бомба, а потоа фрлил 2 молотови коктела зад палатата. Пламени јазици избувнале, но бргу биле изгаснати.
Маж во инвалидска количка фрлил неколку запаливи средства кон Кралската палата во норвешкиот главен град Осло, објави порталот Јаху.
Човекот наводно првин на очевидец му рекол дека има бомба, а потоа фрлил 2 молотови коктела зад палатата. Пламени јазици избувнале, но бргу биле изгаснати.
Ситуацијата е „под контрола“, соопшти полицијата.
Од полицијата додаваат дека пожарот бргу бил изгаснат и дека мажот е приведен, а причината за нападот на палатата сѐ уште не е позната.