ЧОВЕК НА ТРАМП ВЕЌЕ ПОЧНАЛ ПРЕГОВОРИ ЗА МИР ВО ГАЗА Катар ќе посредува меѓу Израел и Хамас

Претставникот на Доналд Трамп исто така ќе преговара и за ослободување на заложниците во Газа.

385

Специјалниот пратеник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, во ноември се сретнал со премиерите на Катар и на Израел за да ги започне дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Газа и за договор за ослободување на заложниците.






Оваа информација ја потврди катарскиот премиер, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Виткоф ги посети Катар и Израел во обид да постигне договор пред Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари, според извор на Ројтерс, пренесува Тајмс оф Израел.

БЛЕСНА ИСКРА ЧОВЕЧНОСТ ВО МРАКОТ НА ВОЈНАТА Русија врати седум деца во Украина, со посредство на Катар

Средбите означуваат враќање на Катар во клучната улога на посредник, улога што беше суспендирана минатиот месец. Изворите додаваат дека преговарачите на Хамас наскоро би можеле да се вратат во Доха за продолжување на разговорите.

ВО ГАЗА Е УЖАСНО И АПОКАЛИПТИЧНО Гутереш обвини дека се одвиваат најтешки меѓународни злосторства

Поврзани содржини