ЧОЛА СЕ ПОДМЛАДУВА НА КЛИНИКА ВО БЕЛГРАД Завршил во специјална комора по совет на лекарот

1,524

Миленикот на жените Здравко Чолиќ (70) прави сѐ за да остане во добра форма и да изгледа младо во осмата деценија од својот живот. Во тоа успева благодарение на хипербаричната комора.

Пејачот често оди во комората, со цел да ги освежи гласните жици, да ги сочува белите дробови во текот на пандемијата на коронарниотвирус, но и поради поубавиот тен.






Чолиќ добил упат од својот лекар за клиниката во Белград, каде повремено вдишува чист кислород, пишува српски „Курир“.

– Чола е феноменален. Не беше неодамна, но се сеќавам пред неколку месеци кога првпат дојде, сите бевме воодушевени. Дојде со упат од неговиот лекар. Се шегуваше на своја сметка, а низ смеа рече дека вдишува кислород за да изгледа помладо и да ги одржува гласните жици. Хипербаричната комора му помага на целиот организам да биде витален, а нему тоа многу му значи поради работата со која се занимава – истакнува изворот.

– Го очекуваме повторно бидејќи е одличен, културен и човек од народот – додал еден од вработените, кој инсистирал на анонимност.

 

Поврзани содржини