ЧОКОЛАДОТО БИ МОЖЕЛО ДА ИСЧЕЗНЕ ДО 2050! Дали оваа алтернатива отпорна на климатските промени би можела да го замени какаото?

Бидејќи производството на какао драстично опаѓа, научниците се свртеа кон алтернативно растение кое е отпорно на климатските промени и кое би можело да ја спаси индустријата за чоколадо.

49

Екстремните временски услови ја загрозуваат иднината на плантажите со какао низ целиот свет, што претставува сериозна закана за иднината на индустријата за чоколади.

Затоа, научниците истражуваат други култури поотпорни на климатските промени, од кои би можел да се направи нов деликатес, пишува „Еуроњуз“. 





Поголемиот дел од какаото (околу 60%) доаѓа од Западна Африка, од влажни земји како Брегот на Слоновата Коска и Гана, каде што топлите температури и обилни врнежи од дожд се менуваат со кратки сушни периоди.

Сепак, во текот на последните две години, производството на какао падна до 40%. Како резултат на тоа, цените на чоколадото се искачија на нивоа невидени од 1970-тите, а експертите предупредуваат дека светот без какао би можел да стане реалност веќе во 2050 година.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини