Жителите на швајцарското гратче Олтен ги изненадила невообичаената непогода, кога почнал да паѓа кафеав „снег“.
„Снегот“ од честичките на какао правот бил расфрлен по целиот град по дефектот во системот за вентилација во блиската фабрика за чоколади „Линдт“.
Ова се случило откако системот за вентилација во фабриката за чоколади „Линдт“ се расипал, па целиот град бил посипан со какао во прав.
Фабриката ги потврди написите на локалните медиуми дека навистина дошло до мал дефект во системот за ладење во погонот каде што се пржи какаото во нивната фабрика во Олтен, сместена помеѓу Базел и Цирих.
Тие парчиња пржено какао се основата од која подоцна се прави чоколадата.
Во комбинација со силен ветар правот од какао се распрскал по околината на фабриката, оставајќи зад себе слој на убава чоколадна прашина.
Фабриката соопштила дека е подготвена да го плати миењето на автомобилите кои се покриени со какаото, но, засега, сè уште никој не се јавил да ја прифати нивната понуда.
Производство продолжило нормално. Од компанијата велат дека правот од какао нималку не е штетен за околината и луѓето. биле целосно безопасни за луѓето и околината.
Системот за вентилација, во меѓувреме, го поправиле.
ФОТО: Твитер