Членовите на легендраниот рок бенд „Рибља чорба“ соопштиле дека поради влошената ситуација со коронавирусот нема да присуствуваат на погребот на нивниот основач Миша Алексиќ, додавајќи дека ќе оддржат концерт во негова чест кога ќе помине пандемијата.
– Тешко е да се најде некој кој Миша го сака повеќе од нас. И неможеме да се помириме со тоа дека повеќе го нема. Знаеме дека Миша почина од последиците на невидливата болест. Почина непотребно. Занеме дека не го потценуваше ова зло. Носеше маска и се чуваше. Ковавме планови за иднината за која верувавме дека ја имаме – порачаа синоча членовите на бендот на Фејсбук.
Бас гитаристот на рок групата Рибља чорба Миша Алексиќ почина во неделата на 68 години од последици на коронавирусот.