ЧЛЕНОВИ НА ИЗБИРАЧКИ ОДБОР ФОТОГРАФИРАЛЕ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА Претрес кај двајца Охриѓани
При претресот пронајдени се два мобилни телефони со фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број, кои се испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација - информираат од СВР Охрид.
Двајца охриѓани, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија, во првиот круг од претседателските избори, фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња и споделувале информации на мобилна апликација за комуникација. Кај нив е извршен претрес и по проверката на нивните телефони тие се осомничени се за слоупотреба на лични податоци и за прекршување на Изборниот законик.
При претресот пронајдени се два мобилни телефони, во кои се пронајдени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број, кои се испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација. Со двете лица извршен е разговор во полициска станица“ – информираа од СВР Охрид.
Дополнително повикани се и други лица со цел да се обезбедат дополнителни доказни материјали за кривичното дело по член 149 од КЗ “злоупотреба на лични податоци” и прекршок по член 190 став 2 од Изборниот законик.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.