ЧЛЕН НА СЕМЕЈСТВОТО НА ОБВИНИТЕЛОТ БАЈРАМИ ГИ ЗАПАЛИЛ АВТОМОБИЛИТЕ ВО КУМАНОВО Фамилијарни недоразбирања или политички театар?

Во соопштението на партијата Вреди се наведува дека јавноста сега ќе има уште поголема јасност од кои центри се издаваат наредбите за нарушување на редот и мирот затоа што е апсурдно само по себе да се користат вакви случаи за сеење страв во сржта на граѓаните.

2,631

„ДУИ од позицијата кога беше на власт ја уништи благосостојбата на граѓаните, предизвикувајќи длабока економска криза. Сега опозицијата се обидува да ги искористи чувствителните случаи за ниски политички поени, создавајќи неизвесност и страв кај граѓаните. Значи, да ја исполниме зададената мисија, да го направиме ова место неиздржливо за живеење. Но, за среќа, ние Вреди сме тие што ги штитиме и се грижиме за граѓаните“.

Ова се наведува во соопштението на партијата Вреди.






„Грижата не е само збор туку и дело, а тоа се докажа денеска кога високата одговорност и бескомпромисната професионалност на истражните органи откри случај кој открива многу. Со апсењето на лицето, што запали автомобили и објект во Куманово, се открива долгоочекуваната вистина за граѓаните на оваа држава, но и за сите останати. Со новата Влада, како и секој друг случај, и овој случај беше истражен во рекордно време, што уште повеќе и подобро ја разјаснува ситуацијата. Уапсениот е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами, чиј автомобил исто така е запален. Но, како резултат на лажниот театар, овој никаде не се појави да подигне сомнеж за да создаде јасен терен неговата партија да одржува прес-конференции и да ги вознемирува граѓаните бидејќи ситуацијата излезе од контрола“, соопшти партијата.

Јавноста, се вели во соопштението, сега ќе има уште поголема јасност од кои центри се издаваат наредбите за нарушување на редот и мирот затоа што е апсурдно само по себе да се користат вакви случаи за сеење страв во сржта на граѓаните. Затоа што по принципот на нивното работење, исплашените граѓани полесно се манипулираат, се додава во соопштението.

„А ние, како Вреди на сегашната Влада, не го дозволивме ова и нема да дозволиме никаков сличен обид во иднина. Ја повикуваме ДУИ да има конструктивна улога во опозицијата бидејќи на нашето општество, како аспирација за членство во европското семејство, му треба сериозна и одговорна опозиција. Но, не со контаминирани фигури и со овие скапани идеи кои не даваат резултати, а ако продолжат вака, ДУИ ќе остане уште долго во опозиција. Помина времето кога Албанците беа малтретирани и казнувани без своја вина. Албанците со Вреди во владата се безбедни и заштитени. Bреди е гаранцијата на Албанците за подостоинствен живот, во мир, со напредок и со стабилност!“, се наведува во соопштението на Вреди.

УАПСЕН Е ПОТПАЛУВАЧОТ НА ПОЖАРИТЕ ВО КУМАНОВО Избегал во Скопје откако запалил три автомобили и дуќан

Поврзани содржини