Басистот од популарниот бенд „Марун 5“ (Maroon 5), Мајк Мики Маден (41) е уапсен поради семејно насилство.
Музичарот е уапсен на 27 јуни во Лос Анџелес по пријавата за семејтно насилство, наведува порталот „Пејџ сикс“, за кој подоцна е и потврдена оваа информација.
Маден неодамна е обвинет за свесно нанесување телесни повреди.
Одредена му е кауција од 50.000 долари, и е пуштен истото попладне, а судењето е закажано за 29 септември.
Маден не е во брак, а индентитетот на жртва засега не е познат.
– Многу сме погодени од овие вести. Што повеќе дознаваме, сѐ посериозно пристапуваме кон ова. Засега, оставаме сите кои се вмешани во случајот да го решат овој проблем – изјави ПР на бендот за „Пејџ сикс“.
Маден во 2016 беше уапсен поради тужба за поседување дрога, а на судењето ја прифати условната казна, по точките на обвинението, во замена за еден ден корисно општествена работа.
FOTO: Instagram