Прво качување на таван по чизмите откако сме членка на НАТО.
Кој сакат нека честитат.
***
– Прогресот дома е?
– Не е, се качи до на таван.
***
Шкодране Дардишта: “Сѐ уште ги чуваме чизмите на таван…”
Цветанка Ласкова: “Мислиш бундите?”
***
Борци против фашизмот со голи раце, ама до тогаш кога директорка од ДУИ ќе повика на задржување на власта со оружје.
Пошо сега да не расипвиме коалициони односи за една изјава шо реално е слобода на говор. Така прогресивни?
***
Да ви се помочам во океанот од лепота, модерност, нежност, доброта и возвишеност, шо уствари е само бара полна со газолижачи за привилегии.
Бар почиста ќе ви е водата.
***
А ај вака да напрајме.
Сите шо последниве пет години немаат никаков проблем да го етикетираат секој што има да каже нешто против власта, како националист и фашист, да ги обзнанат јавно примањата што ги лапаат откако се на браникот на прогресот, па да видиме дали им е до прогресот на земјата или до прогресот на банкарското конто. Шо викате?
(ФБ статуси на авторот)