ЧИТАЧОТ ОД УСНИ ОТКРИ ШТО РЕКЛА КЕЈТ ЗА ВИЛИЈАМ Војвотката изговорила секси зборови (ВИДЕО)

3,558

Членовите на кралското семејство честопати мора да носат униформи поради природата на нивната работа, а Кејт Мидлтон (39) изгледа нема апсолутно ништо против нејзиниот сопруг, принцот Вилијам (39), што е можно почесто да ги носи своите униформи.

Еден читач од усни открил што рекла Кејт за Вилијам во 2006 година на доделувањето на димпломите од Воената академија Сандурст.






– Обожавам да го гледам во униформа. Изгледа навистина многу, многу секси – открил читачот од усни.

На церемонијата на доделувањето на дипломите присуствувале кралицата Елизабета Втора, како и родителите на Кејт, Керол и Мајкл Мидлтон.

Додека Кејт го коментирала Вилијам, очите на Британците биле вперени во неа, бидејќи многумина во тоа време знаеле дека гледаат во идната кралица.

Четири години подоцна, по кратка пауза, Вилијам ја запросил Кејт на сафари во Африка. Се венчаа во април 2011 година.

Поврзани содржини