ЧИТАЧ НА УСНИ ОТКРИ ШТО СИ РЕКЛЕ БЛЕЈК ЛАЈВЛИ И РАЈАН РЕЈНОЛДС НА „ТАЈМ100“ Актерката пред да излезе на сцената, имаше моменти со својот сопруг

Актерскo-брачнаta двојка Блејк Лајвли (37 ) и Рајан Рејнолдс (48) повторно го привлекоа вниманието на јавноста со нивното појавување на галата „Тајм100“ во Њујорк што се одржа во четвртокот во Њујорк.

1,794

Актерскo-брачнаta двојка Блејк Лајвли (37 ) и Рајан Рејнолдс (48) повторно го привлекоа вниманието на јавноста со нивното појавување на галата „Тајм100“ во Њујорк што се одржа во четвртокот во Њујорк. Лајвли притоа одржа емотивен говор и суптилно се осврна на нејзината моментална правна битка со колегата Џастин Балдони. Меѓутоа, она што дополнително ја заинтригира јавноста беше нивниот интимен момент непосредно пред Лајвли да излезе на сцената.

Блејк и Рајан размениле неколку зборови и бакнежи, неколку моменти пред таа да одржи говор, во кој алудираше на нејзината правна војна со поранешниот колега Џастин Балдони, а исто така откри и дека нејзината мајка била нападната и за малку убиена од „познаник на работа“.






Рејнолдс ѝ понудил поддршка и охрабрување на својата сопруга, зборови на утеха и наклонетост пред да се појави пред публиката.

Според странските медиуми, Рајан Рејнолдс ја пофалил сопругата велејќи ѝ: „Изгледаш фантастично“, на што таа одговорила: „Ти благодарам“. Во тој момент, Блејк нежно го погалила по лицето, а потоа се бакнале пред Рејнолдс да седне на своето место во публиката. Оваа кратка, но значајна размена на нежност и љубов, дополнително ја нагласи нивната блискост и меѓусебно почитување.

Додека чекале на црвениот тепих, Рејнолдс реагирал со доза на хумор кога еден фотограф ја нарекол Блејк „госпоѓа Рејнолдс“, изразувајќи колку му се допаѓа прекарот. Нивната разиграност и топлина биле очигледни пред камерите, а во текот на целата вечер, Рејнолдс постојано покажувал колку е горд на својата сопруга.
Во својот говор, Блејк Лајвли им се заблагодари на „секој маж, вклучувајќи го и мојот драг сопруг, кој е љубезен и добар кога никој не гледа“. Таа се осврна на одговорноста што доаѓа со титулата „влијателна личност“ и суптилно алудираше на нејзината правна битка со Балдони, велејќи: „Имам толку многу да кажам за последните две години од мојот живот, но вечерва не е место за тоа“.
Поврзани содржини