Чистела маслинки додека ѝ ваделе тумор од мозокот (ФОТО)

882

Шеесетгодишна Италијанка чистела маслинки за кулинарски специјалитет додека ѝ ваделе тумор од левата страна на мозокот, јави агенцијата Анса.






Операцијата траела два и пол часа, а пациентката била будна и работела во текот на целата операција.

– Овој метод ни овозможува да ја следиме работата на пациентот и мозокот и помага при операцијата да го калибрираме нашето дејствување – рече д-р Роберто Трињани, кој ја изведе операцијата со тим од 11 специјалисти неврохирурзи, невроанестезиолози, психолози, неврофизиолози и медицински сестри.

Овој метод на работа за време на кој пациентот е буден и го прави она што ќе го одбере се нарекува буден (awake), а екипата на д-р Трињани во последните 5 години извршила околу 60 вакви операции.

Активноста што пациентот ќе ја изврши за време на операцијата е избрана врз основа на делот од мозокот кој треба да се оперира, но и врз основа на индивидуалните навики на пациентот. Така, еден пациент свирел труба, еден пациент одбрал да гледа цртани филмови, а еден свирел виолина за време на операцијата.

Поврзани содржини