ЗА БУГАРСКИ ПАСОШ ОБРАТЕТЕ СЕ КАЈ ЧИСТАЧКАТА! Битолчанка испрашувала Македонци за нивното потекло

Немаше докази дека таа правела интервјуа за бугарско државјанство. Сепак, откриените прекршувања се недозволиви, изјавила бугарската вицепремиерка Марија Габриел во врска со случајот во конзулатот во Битола.

1,819

Извесна Весна Котеска, која била пријавена како хигиеничарка, интрервјуирала кандидати за бугарско државјанство во бугарскиот конзулат во Битола, а поради ова многу барања биле одбиени, тврди Ангел Георгиев, бугарски пратеник од партијата „Преродба“.

Тврдењето на пратеникот било повод случајот да го испита вицепремиерката Марија Габриел, пишува Њуз.бг.






Вицепремиерката Габриел побарала увид во дејноста на конзуларната служба и рекла дека хигиеничарката повеќе нема пристап до архивата и до конзуларното претставништво.

– Немаше докази дека таа правела интервјуа за бугарско државјанство. Сепак, откриените прекршувања се недозволиви – изјавила Габриел.

 

 

Поврзани содржини