ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА И УРБАН РАЗВОЈ Стаменкоска Трајкоска најавува промени кои ќе ја трансформираат Кисела Вода

Кандидатката за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата „Вистинскиот избор“, со која приоритет се граѓаните, чистата животна средина и решавање на урбаните проблеми.

23

Во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија, Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека општината треба да се развива одговорно, според законските нормативи и со доволно зелени површини.

– Изминатите четири години се создадоа повеќе од 1500 нови паркинг места, но проблемот со паркирањето сè уште не е решен. Во нашата програма како приоритет предвидуваме изградба на дополнителни паркинзи, катна гаража зад Пеглата, монтажни гаражи, како и пешачко-велосипедска патека со обиколка на Кисела Вода. Програмата нуди многу решенија кои ќе ја направат општината пофункционална и урбано прилагодена за граѓаните – изјави Стаменкоска Трајкоска.






Таа се осврна и на приоритетите за развој на Кисела Вода, нагласувајќи дека на прво место се граѓаните, бизнис заедницата и општинската администрација. Во нејзината програма „Вистинскиот избор“ е предвидена и системска организација за урбана хигиена и здрава животна средина.

– Целата организација која сега се прави во општината е ограничена поради недостигот на поддршка од Градот Скопје и претходната власт. Верувам дека со нашата системска програма овие проблеми ќе бидат надминати. Во однос на линданот, истражувањата покажуваат дека средствата наменети за негово решавање од претходната влада се потрошени, а проблемот сè уште не е решен – истакна кандидатката.

Поврзани содржини