ЧИПИРАЊЕТО НА МОЗОКОТ МОЖЕ ДА ВЕ ИЗЛЕЧИ И ДА ВЕ НАПРАВИ ПОПАМЕТНИ Најважните информации за генијалниот изум на Илон Маск

Компанијата „Неуралинк“ тврди дека оваа технологија треба да им помогне на парализираните да си ги вратат визуелните, аудиторните и моторните способности, како и да се излечат од невролошки заболувања. Парализираните ќе можат да си ги контролираат вештачките раце и нозе со помош на својот ум. Луѓето, кои не можат да зборуваат или да пишуваат, ќе контролираат виртуелен масу и тастатура или, пак, со мислите ќе праќаат пораки, ќе цртаат и ќе пишуваат. Постои опција и за третирање невролошки заболувања како Алцхајмеровата болест или Паркинсоновата болест. Ќе можат да се отчитуваат и промените на мозокот асоцирани со одредени психолошки растројства како депресијата и анксиозноста. Ќе можат да се подобрат и мисловните способности. И така, сѐ додека не се појават неврохакерите...

2,593

Првиот човечки пациент го прими имплантот од „Неуралинк“ во неделата на 29 јануари 2024 година. Добро закрепнува. Милијардерот Илон Маск рече дека иницијалните резултати покажуваат ветувачка активност на невроните – клетки кои го сочинуваат мозокот.

„Преперистите“се подготвуваат за апокалипсата, а љубителите на трансхуманизмот одвај чекаат да се надградат со чипови.






Но, за што станува збор? Дали Илон Маск ќе ги контролира сите луѓе со неговите чипови или, пак, чипирањето ќе помогне во лекувањето здравствени проблеми, во подобрувањето на менталните способности и ред други нешта кои ќе го вивнат човекот кон небесата без делот со славниот пад на Икар?

Што е „Неуралинк“?

„Неуралинк“ е невротехнолошка компанија на Илон Маск која развива интерфејс мозок-компјутер наречен „Врската“ (The Link). Интерфејс е врската меѓу компјутерот и корисниците. Кога користиме компјутер, Виндоусот е интерфејс. Интерфејсот мозок-компјутер е врската меѓу мозокот и компјутерот.

Како функционира тоа?

Со хируршка интервенција се вградува чип во мозокот, а чипот ја дешифрира и ја стимулира активноста на мозокот. Секоја жица на чипот има 1024 електроди, кои се сензори способни за снимање и емитирање на електрични полнежи, „доволно флексибилни за да се внесат со човечка рака“, според веб-страницата на Неуралинк. Компанијата развива апликација со која луѓето со умот ќе манипулираат тастатура и маус.

Овој чип не е новост. Невромускулните стимулатори се импланти кои може да се всадат во ткивото за да им ја вратат можноста за движење на хендикепираните. Со електричен импулс, ја заменуваат активноста на нервите и им помогаат на хендикепираните да проодат и да прогледаат.

Како функционира „Неуралинк“?

Нашиот мозок се состои од неврони кои комуницираат меѓу себе со електрични полнежи. Сензорите на „Неуралинк“  ја снимаат нивната активност. „Неуралинк“ ја мери активноста на мозокот со помош на алгоритми кои ја толкуваат активноста и ги даваат можните значења.

Оваа технологија треба да им помогне на парализираните да си ги вратат визуелните, аудиторните и моторните способности, како и да се излечат од невролошки заболувања. Парализираните ќе можат да си ги контролираат вештачките раце и нозе со помош на својот ум. Луѓето кои не можат да зборуваат или да пишуваат, ќе контролираат виртуелен маус и тастатура или, пак, со мислите ќе праќаат пораки, ќе цртаат и ќе пишуваат.

Постои опција и за третирање невролошки заболувања како Алцхајмеровата болест или Паркинсоновата болест, бидејќи постојано ќе се регистрира активноста на мозокот. Ќе можат да се отчитуваат и промените на мозокот асоцирани со одредени психолошки растројства, како депресијата и анксиозноста, па тоа ќе го подобри третманот. Ќе можат да се подобрат и мисловните способности.

Проблеми и скептицизам

Оваа технологија е млада, па сѐ уште немаме доволно информации за релацијата мозок – ум. Не знаеме сосем како мозокот ги создава интелигенцијата, чувствата и ред други феномени поврзани со умот. Невронауката открива сѐ попрецизни информации, но сѐ уште не се знае сѐ.

Биоетиката е вториот проблем, односно можноста оваа технологија да доведе до сѐ уште непознати непосакувани здравствени и психолошки ефекти. Има ризик од повреда на мозокот или инфекција. Технологијата е скапа и засега не знаеме доволно за нејзината долготрајност. Но, тоа важи за сите импланти во нивниот зачеток, како пејсмејкерите и другите протези.

Може да се појават „неврохакери“, луѓе кои ќе преземат контрола над апаратот за да го прочитаат мозокот на корисниците и да ги злоупотребат нивните информации.

Врата кон храбриот нов свет?

Оваа идеја потекнува од историската потреба на човекот да си ги подобри психолошките и физичките способности, за да живее подолго и да има поголема моќ, нешто вкоренето во нашата еволуција. Технолигијата и медицината напредуваат за да се подобрат квалитетот и квантитетот на животот.

Храбрите сценарија на трансхуманизмот, филозофија која се занимава со технологијата како начин за подобрување на човекот, предвидуваат иднина во која луѓето ќе бидат надградени со помош на новите инженерски изуми. Ќе трчаат побрзо со роботски нозе, ќе бидат попаметни со помош на чипови, а можеби и ќе бидат контролирани од некој систем на моќ преку тие чипови.

Илон Маск, со мисија да го спроведе нужното за храбриот нов свет, реши да го искористи својот капитал за да го изведе тој подвиг. Овие изуми веќе подолго време се проучуваат во науката, но Маск реши да ги преточи во производ кој ќе биде комерцијален и достапен за купување. Иднината ќе ја покаже насоката во која ќе се движи храбриот нов свет.

Поврзани содржини