Чин трети: „империјата“ го возвраќа ударот

И да, времето е такво, чудно смешно, некои велат и безобразно односно „техничко“, иако во него нема ама баш ништо – техничко. Зашто нималку не е „техничко“ испраќањето секакви шмизли во „дипломатски мисии“, или отворањето Медицински факултет во Струга, па ни одржувањето фестивал викан некаква „Златна рамка“ за чии организатори, но и за самиот фестивал, во спомнатиот Извештај пишува – чуда!

1,709

Како и во секој лош филм – а македонскиот филм е константно таков – „империјата“ мора да го возврати ударот. Злото не се предава така лесно, сака да покаже дека е неуништиво, дека секогаш умее да привлече многумина на „темната страна“. Дури и кога сите мислат дека му дошол крајот, секогаш има некој што ќе му дозволи и понатаму да ја покажува својата застрашувачка виталност.

А кај нас злото се покажува највитално!






Овој пат, запрепастувачки, и после отворените и кристално јасни насоки на (сѐ уште легитимниот) надлежен државен орган за работите во културата искажани низ безмалку секој збор на познатиот „Извештај од работната група за утврдување на состојбите и на можностите за унапредување на работата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија“, никој не презема ништо. Особено посочената надлежна институција за финансирање на македонскиот филм којашто, сосема спротивно, се појавува како еден од партнерите во продолжувањето на последните денови на „империјата“.

Зашто, во секоја нормална држава, после онаков Извештај, ќе имаше некаков резултат. Ќе ѕвонеа на узбуна, надлежниот државен апарат ќе превземеше првични мерки итн. Освен кај нас, се разбира. Кај нас таквите извештаи никому не служат – за ништо. Можете да ги игнорирате како да не постојат, да кажете дека никој не ви го испратил, дека сте наглуви и не сте слушнале ништо односно дека јавниот збор не допира до вас… итн. Тоа, се разбира, се случува само во Македонија, каде државната администрација смета дека е господар на својот атар и парите на граѓаните и никој нема право да ѝ се меша во работата. Па дури ни надлежен државен орган.

И да, времето е такво, чудно смешно, некои велат и безобразно односно „техничко“, иако во него нема ама баш ништо – техничко. Зашто нималку не е „техничко“ испраќањето секакви шмизли во „дипломатски мисии“, или отворањето Медицински факултет во Струга, па ни одржувањето фестивал викан некаква „Златна рамка“ за чии организатори, но и за самиот фестивал, во спомнатиот Извештај пишува – чуда!

Но тоа изгледа никого не го тангира, нели, зашто некој треба да покаже сила, надмоќ, недопирливост…, а секогаш има луѓе подготвени тоа да им го овозможат. Дури и на она и онакво Друштво на филмски работници!

Зашто, прво, збунува фактот што и во новата констелација на односи во „надлежните“ за македонскииот филм, еден таков „фестивал“ воопшто се појавил на листата на финансирани фестивали во 2024 година. Поточно, ако Министерството за култура, и не само тоа туку и редица други органи и организации веќе неколку години со ред алармираа за несовесно работење, злоупотреби и концентрација на моќ во Друштвото на филмски работници и Фестивалот „Златна рамка“, зарем ништо од тоа не допрело до „надлежните“ за македонскиот филм? Или едноставно решиле сето тоа да го игнорираат и повторно да им доделат средства за фестивалот?

Но, чии средства? Нивни лични, или државни? И во чие име? Свое?!

Дел од претходните наоди од пред две години, јавно објавени во Анализата на „Транспаренси интернешнл Македонија“ во 2022 година, а коишто беа запрепастувачки за целата македонска јавност, изгледа не допреа до надлежната Агенција! Зашто, зарем и покрај тоа повторно би го прифатиле спомнатиот „фестивал“ на листата на финансирани фестивали?

А не допрела изгледа ниту Одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата од 18.12.2023 година, во којашто е наведено дека е неопходно „до Основното јавно обвинителство за гонење на опрганизиран криминал да се покрене иницијатива за поведување постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело“ во работата на сите заплеткани во македонскиот филм?! Зарем сето тоа не иницирало барем дилема во однос на исправноста на вклучувањето на манифестација на ДФРМ и конкретниот фестивал на листата на финансирани фестивали?

Или нотирањето на Државниот ревизор во коешто се искажува „неповолно мислење во однос на витинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финасиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година“? Што тука не им било јасно на главните финансиери на ДФРМ и на овој фестивал? Или можеби некој требал тоа и да им го нацрта?

Или, ако во цитираниот Извештај на работната група на Министерството за култура јасно стои дека „За годините 2022 и 2023 ДФРМ не доставило до АФ извештаи за потрошени средства“, каков цртеж им бил потребен за да разберат дека имаат работа со, најблаго речено, несериозен и недоверлив партнер? Ама сепак, повторно, и во оваа 2024 година ги финансирале нивните активности од типот на „Златна рамка“?!

Ако пак во цитираниот Извештај на работната група на Министерството за култура јасно стои дека во организацијата на дотичниот фестивал најголемиот дел од трошоците биле исплати на авторски хонорари на раководството на Друштвото на филмски работници но и на лица кои биле ангажирани во Агенцијата за филм, која била логиката повторно, и за оваа година, да им се доделуваат средства?

Премногу прашања, чуденки, дилеми… остануваат без одговор. Останува нејасно и кои и какви се тие сили што, како по инерција, упорно влечат назад, кон темната страна, кон злоупотребите и незаконското работење. И како злото кај нас континуирано – воскреснува!? Или некој го воскреснува? И зошто?!

Како впрочем е можно покрај толку надлежни органи и организации, покрај упорните јавни повици и писмени наоди до Обвинителството, Финансиската полиција, Владата (под чија „капа“ делува Агенцијата за филм)…, злоупотребите во филмот неконтролирано да продолжуваат? Толку ли е вкоренето злото, толкави ли се финансиските добивки или уште поголема е неодговорноста на државата и нејзините органи, на поединците на високи функции и нивните партиски ментори, толкава ли е глупоста и на некои „национални“ медиуми коишто така настојчиво ги пропагираат ваквите активности?

Се разбира, ниту едно зло, па нека е и „империја“, не е доволно силно вечно да трае. И на ова ќе му дојде крај. Можеби и многу бргу. Но останува проблемот не само на неодговорното раководење, на непостапувањето по јасни и прецизни наоди, затворањето очи пред такви криминогени активности… итн.

Сепак, поголем проблем е што културата умира ако не расте. А македонската култура одамна не расте. Како што, впрочем, и државата умира ако не расте, а македонската држава одамна престана да расте.

Извор: Теодосиевски уметност

Поврзани содржини