Чикаго се ослободи од „расистот“ Колумбо

Во видео од местото на настанот се гледа како работници со јажиња ја симнуваат со платно покриената статуа поставена на висок постамент .

395

Статуата на Кристофер Колумбо во Чикаго изутринава беше размонтирана и симната, откако градоначалничката Лори Лајтфут претходно нареди нејзино отстранување од јавниот простор.

Во видео од местото на настанот се гледа како работници со јажиња ја симнуваат со платно покриената статуа поставена на висок постамент .






Паркот каде што е поставена статуата на Колумбо минатиот петок беше место на протести и судири меѓу демонстрантите и полицијата, кога неколку полицајци беа повредени. Демонстрантите тогаш се обидоа да ја урнат статуата, а полицијата го расчистуваше нередот и беше гаѓана со камења и други тврди предмети.

Во немирите тогаш беа упсени 12 лица за напад во толпа на униформирани лица.

Статуите на Кристофер Колумбо, италијански мореполвец кој при крајот на 15 век прв извршил пловидба до бреговите на Америка, како и спомен обележјата на Конфедерацијата, државен ентитет од 19 век, во изминатиот период во САД се лустрираат како контроверзни делови од американската историја – симболи на вкоренетиот расизам и ксенофобија во земјата.

Оваа иницијатива почна при крајот на мај, по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата за време на апсење. Убиството поттикна силен гнев во јавноста и протести низ целата земја, со повторно разгледување на темите, како бојата на кожата, етничкото потекло, полициската бруталност и социјаните неправди. 

Поврзани содржини