„ЧИИ ДЕЦА И КОЈ РОДИТЕЛ НАРЕКОА КРЕТЕНИ“? Стојаноска бара извинување од Битиќи и од СДСМ за навредата

Дафина Стојаноска обвинува дека пратеник од СДСМ изрекол навреда кон родители и деца, барајќи јавно извинување и став од Филипче и партијата.

1,620

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, јавно побара извинување од пратеникот Крешник Битиќи и од СДСМ, поради навредлив коментар кој, според неа, бил упатен на сметка на родители и нивните деца.

– СДСM и Битиќи да се извинат, чии деца и кој родител ги нарекоа кретени? – праша Стојаноска, алудирајќи на изјава дадена во Собранието која, како што вели, „длабоко ги навредила граѓаните“.






Пратеничката посочи дека 24 часа по изречената изјава, ниту СДСМ, ниту самиот Битиќи, не дале извинување, што според неа е показател за „огромниот очај во СДСМ“.

– Толку ли се плаши Филипче од Битиќи што не смее ни да се огради од примитивизмот на својот сопартиец? Или можеби со молкот го оправдува тој став и стои зад него? – праша Стојаноска.

Таа додаде дека е крајно време опозицијата да покаже кои вредности ги застапува и дали се согласува со навредливи квалификации од собраниската говорница.

– Чесно е Филипче и СДСМ да се изјаснат. Граѓаните мора да знаат што застапува опозицијата, какви ставови и какви вредности – рече таа.

Според Стојаноска, молкот на СДСМ е „повеќе од симптоматичен“ и претставува индиректна поддршка на говорот кој, како што вели, „нема место во едно демократско Собрание“.

🎥 ЧИИ ДЕЦА ЌЕ „ОБРАЗУВАЛ“ БИТИЌИ ЗА ДА НЕ БИЛЕ „КРЕТЕНИ“ КАКО ТАТКОТО? Поранешниот вицепремиер од СДСМ со скандалозна навреда за новинар

Поврзани содржини