Чифлиганец и другите членови на НО на Комерцијална банка наградени со по 2.300 евра бруто
Акционерското собрание го продолжи за четири години нивниот мандат.
Сава Димитрова, Таки Фити, Александра Максимовска Стојкова, Сашо Наумоски, Горан Антевски, Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми повторно се избрани за членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка. Ова банката го соопшти преку Македонска берза откако се одржа Собранието на акционери на Банката.
Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години, а надоместокот што ќе им се исплаќа за нивно учество и работа на седниците, како и за работа и одлучување со писмена согласност во периодот помеѓу седниците е утврден на висина од 21.000 денари.
Собранието на акционери, исто така, одлучи да ги награди членовите на Надзорниот одбор за работењето во 2018 година. Вкупно за таа намена е издвоен бруто-износ од 1.021.666 денари (16.585 евра) или по 2.369 бруто по член на одборот.