ЧИФЛИГАНЕЦ И БУЗАЛКОВСКИ СО ПОБЕДИ ВО МОТОЦИКЛИЗАМ На шампионатот во Серес постигнато и најбрзо време на македонски мото-пилот

Христијан Бузалковски во класата Формула 600, која што е дел од истиот шампионат извојува победи во двете трки во неговата категорија.

209

Душко Чифлиганец победи во класата Формула 1000 од трката за БМУ Југо-источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на патеката Серес во Грција, во кој учествуваа 31 возач од повеќе земји.

Чифлиганец забележа и најбрзо време во трка од 1:21:6, што засега претставува најбрзо време на македонски мото-пилот на оваа патека. Во втората исклучително возбудлива трка, во многу тесна битка за подиумот доживеа пад и заврши како четвртопласиран.






Христијан Бузалковски во класата Формула 600, која што е дел од истиот шампионат извојува победи во двете трки во неговата категорија.

Натпреварувачот Синиша Кочовски кој заедно со Чифлиганец настапи во класата Формула 1000 забележа две втори места во големата интернационална Југо-источно европска конкуренција.

– Успесите на нашите пилоти беа пречекани со достојна почит како од останатите натпреварувачи, така и од публиката. Овие резултати претставуваат голем успех за македонскиот мотоспорт, и за прв пат наметнуваат доза доминантност на нашите мото-пилоти во регионот – велат претставници на нашите возачи.

Поврзани содржини