„ЧИЧКО“ ВЕЧЕРВА НА „БРАЌА МАНАКИ“ Хрватско-српскиот филм во битка за златна „Камера 300“
Филмот „Чичко“ светска премиера имаше на фестивалот Карлови Вари во Чешка, каде го доби признанието „Проксима“, потоа беше емитуван на филмскиот фестивал во Пула, Хрватска каде режисерите и сценаристи Капац и Мардесиќ беа наградени за филм со најдобро сценарио.
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ продолжува со програмските содржини, а во рамки на натпреварот за златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ вечерва ќе биде емитуван хрватско-српскиот филм „Чичко“ во кој главната улога ја толкува познатиот српски актер Предраг Мики Манојловиќ а во режија на Давид Капац и Андрија Мардесиќ, а кинематографер е Милош Јаќимовиќ.
Хрватско-српскиот филм „Чичко“ светска премиера имаше на фестивалот Карлови Вари во Чешка, каде го доби признанието „Проксима“, потоа беше емитуван на филмскиот фестивал во Пула, Хрватска каде режисерите и сценаристи Капац и Мардесиќ беа наградени за филм со најдобро сценарио, а неодамна филмот беше емитуван и на Фестивал на европскиот филм во Палиќ, крај Суботица.
Вечерва на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде емитуван и италијанскиот филм во конкуренција „Осумте планини“ во кој кинематографер е Рубен Импенс.