ЧИЈ МАТЕН БИЗНИС СЕ КРИЕ ЗАД ВАШИТЕ АКЦИИ? Сакам да работам бара од Антикоцкање да ѝ каже на јавноста кој им дава кеш за да туркаат коцкање на црно
Од Здружението Сакам да работам повторуваат дека сѐ додека Антикоцкање невистинито се претставуваат како наводни непрофитни активисти и не даваат конкретни одговори на многу конкретни прашања, за нив, наместо движење „Антикоцкање“ ќе бидат група која се залага „За коцкање на црно“.
Продолжуваат нервозните реакции на дежурните критичари на игрите на среќа кои очигледно се активираат по потреба со далечинско управување. Немаат аргументи, се служат со навреди, невистини, измислени информации и приземен речник. Згора на сѐ му наштетувааат на меѓународниот углед на државата, влегувајќи во конфликт со амбасадори од ЕУ. Разнишани се, бидејќи јавноста знае дека одработуваат за некој кој е во заднина и има за цел да си ги оствари своите бизнис интереси, реагира денеска здружението на вработени во секторот игри на среќа Сакам да работам откако Движењето Антикоцкање во центарот на Тетово постави симболичен триаголник со порака дека општеството е во деградација, бидејќи, како што велат, „е навлезено во круг од кој нема излез, а кругот го сочинуваат казината, фирмите за брзи кредити и аптеките“.
„Еве ги 12-те конкретни прашања за кои јавноста сѐ уште од нив нема одговори: Дали и колку пари примиле во готово? По чиј налог се обидуваат да манипулираат со родителите на учениците? Колку чини и кој ги покрива трошоците за дизајнот и изработката на претходните пропагандни материјали и овие последните за герила маркетинг? Дали одработуваат да се затвори легален бизнис за некој да печали од интернет игри на среќа и играчници на црно, без контрола од државата? Дали така учениците ќе бидат во поголем или во помал ризик? Кој ќе понесе одговорност за штетата што ќе следи? Зошто сакаат да остават 10 000 луѓе без своите работни места? Зошто Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа? Дали е точно дека за време на четиригодишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Ја слушнале ли изјавата на албанскиот премиер Еди Рама на оваа тема? Колку жители од Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде, според нив, припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или во нечие друго друштво?“, се наведува во реакцијата на Сакам да работам.
Оттаму доаваат дека имаат уште едно прашање до Антикоцкање:
„Бидејќи денес, тргнувајќи од нивната улога на пиони, изнесуваат невистинито тврдење дека сме злоупотребени, еве им уште ново, 13-то прашање: 10 000 семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете ѝ на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?“
Од Здружението Сакам да работам повторуваат дека сѐ додека Антикоцкање невистинито се претставуваат како наводни непрофитни активисти и не даваат конкретни одговори на многу конкретни прашања, за нив, наместо движење „Антикоцкање“ ќе бидат група која се залага „За коцкање на црно“.