ЧИЈА Е ЈАХТАТА НА КОЈА УЖИВААТ ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ? Лефков со низа прашања до лидерот на СДСМ

650

Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење? Додека СДСМ секојдневно сее лаги, измислици и зборува за сиромаштија, нивниот претседател Филипче, со нивниот поранешен претседател Заев, плови по Егејското море во луксузна јахта вредна милиони, реагираше Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека СДСМ секојдневно сее лаги како лошо се живее, нивниот Венко Филипче ужива и очигледно го нема проблемот за кој зборува неговата партија на прес-конференции. Напротив, живее живот кој лекари од неговата професија од многу поразвиени држави не можат да го живеат. Венко Филипче треба да одговори како со лекарска плата стигна до луксузно пловење на јахта? Но и по скапи ресторани, пред кои медиумите пишуваат дека бил фотографиран? Венко Филипче треба да одговори чија е јахтата на која плови тој и Заев, дали е негова, на неговиот поранешен шеф или на фирми поврзани со нив? Доколку јахатата е на него или на Заев колку чини истата и на кој начин е купена? Дали оваа јахта е купена со пари од тендери или фирми поврзани со тендери, како главни или подизведувачи? Очекуваме одговори од СДСМ и Венко Филипче, а секако и од ЈО, ако главниот обвинител Коцевски смее воопшто да отвори постапка или ќе спие до избори – рече Лефков.

Поврзани содржини